Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Алиу: Локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар

По премиерот, и министерот за здравство Азир Алиу смета дека локацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По премиерот, и министерот за здравство Азир Алиу смета дека локацијата на ГОБ „8-ми Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Но, сепак последниот збор ќе го имаат експертите и Владата. Конечната одлука според министерот ќе се темели на анализи и експертски мислења, а не на политички калкулации. Според првиот човек во здравството, оваа опција ќе биде најевтина и најбрза. Последните проценки покажувале дека овој терен ги исполнува сите стручни, инфраструктурни и сообраќајни критериуми потребни за еден современ здравствен комплекс.

И додека се чека последната одлука за проектот за нов Клинички, здравствените власти работат на решавање на проблемите во постоечкиот. Вечниот проблем на пациентите и вработените – паркингот, во првите месеци од  2026 година ќе биде конечно решен, со дигитализиран паркинг. Ќе има 400 нови паркинг места и катна гаража на местото на модуларната пред Инфективна. Цената за вработените ќе остане иста, а пациентите и посетителите ќе плаќаат различно, но не поскапо уверува Алиу.

Министерот за здравство оцени дека во текот на 2025 година здравствениот систем е значително подобрен, но порача дека во наредната година мора да се работи уште поинтензивно. Иако се направени важни чекори, како што рече, проблемите не се целосно надминати и предизвиците и натаму остануваат.

Реклама

Алиу најави продолжување на инвестициите во медицинска опрема и здравствена инфраструктура, со цел пациентите побрзо и поквалитетно да добиваат здравствена заштита, а здравствените работници да имаат подобри услови за работа.