Реклама
Прилози

Алиу: Има тумор маркери на другите клиники, за онкологија ќе се набават

Нема реагенси за анализи за тумор маркери на Клиниката за онкологија. Министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема реагенси за анализи за тумор маркери на Клиниката за онкологија. Министерот за здравство вели дека проблемот ќе се реши, а во меѓувреме пациентите овие испитувања треба да ги прават на другите клиники и во здравствените домови. Се работи за испитувања кои се клучни во следењето на терапијата и контролата на болеста, а нивното отсуство предизвикува голема неизвесност кај пациентите.

Пациентите алармираат и за дефицит на одредена терапија, но и за тоа дека не функционираат сите апарати за зрачење. Поради тоа, дел од нив се принудени да бараат помош во соседните земји или да плаќаат на приватно.

Големиот притисок врз Онкологија, надлежните најавуваат дека ќе го решаваат со дигитализација на здравствениот систем. Ќе бидат ангажирани доктори од странство за рана дијагностика, кои онлајн ќе имаат пристап до досијеата на пациентите.

Реклама

Од здружението „Хема Онко“ направиле интерна анкета меѓу 200 пациенти и дошле до застрашувачки податок – 70 проценти од нив ги правеле испитувањата за дијагноза на приватно.

Проблемите, велат онколошките здруженија, траат со години. Решенија има, но тие не се доволни за современ третман на големиот број пациенти со рак на дојка. Само лани имало 1.200 новодијагностицирани случаи, што е двојно повеќе во споредба со пред 10 години.