Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Али Ахмети сака да биде над уставниот поредок: ДУИ повторно се дрзна да коментира одлуки на Уставниот суд

ДУИ повторно се дрзна да коментира одлуки на Уставниот суд, очигледно Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ повторно се дрзна да коментира одлуки на Уставниот суд, очигледно Али Ахмети сака да биде над уставниот поредок. Сега им пречи одлуката на уставните судии да се укине одобрението за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопско Кондово. Интегративците реагираат дека таквата одлука била антиуставна и во обид да го политизираат и овој случај, велат дека била удар врз исламската верска заедница во државава.

-Оваа одлука претставува директен напад врз верската слобода, врз достоинството на муслиманската заедница и врз едно право што беше добиено како исправка на историската неправда за време на претходната влада. Наместо да протестираат, тие молчат. Наместо да поднесат оставка, тие се правдаат. Тие не се претставници, туку послушни вазали на власт која повторно го активира проектот за еднонационална држава, без место за другите, велат од ДУИ.

Од Вреди велат дека ова е уште голем пораз за Али Ахмети и неговата партија, односно дека ова средно училиште основано на протиуваставен начин било само со цел собирање политички поени пред изборите.

Реклама

-Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси. Денес вистината излезе на виделина – медресата никогаш не било акредитирано на законит начин. ДУИ ја користеше во предизборни кампањи, исто како што ги користи сите симболи, чувства и потреби на Албанците – за да ги изманипулира, велат од Вреди.

Според познавачите вавките потези на ДУИ се и повеќе од очекувани и веќе редовен декор откако станаа опозиција, иако јасно е дека одлуката на Уставниот суд целосно е согласно законите.

-Секогаш ДУИ носи политички одлуки без да ги земе во предвид уставните одредби на државата. И вчерашната одлука на Уставниот суд донесена за укинување на средното училиште со верзки обреди е согласно Уставот и согласно законот за средно образование, односно согласно амандманот седум од Уставот и член седум од законот за средно образование, изјави Фаризи.

Политичкиот аналитичар Лулзим Фаризи потенцира дека овие потези од ДУИ, може да ги очекуваме и во наредниот период.

-ДУИ секогаш кога ќе им паднат нивните одлуки, односно секогаш противуставно и противзаконски, тие ќе почнат да се жалат пред народот демек државата, Владата работи спротивно на интересите на Албанците, а во конкретниот случај против верниците кои припаѓаат на исламската верска исповест, изјави Фаризи.

Ова не е прв пат интегративците директно да се мешаат во работата на Уставниот суд, претходно протестираа со поставени шатори бидејќи уставните судии решија да ја оценуваат уставноста на Законот за јазици. Инаку судот оцени дека дека владината одлука е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница (ИВЗ) да биде основач на средно училиште,  гимназија.

Матеја Петровски