Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Од врв до дно – животната приказна на бездомникот Таир Даут

Со овие зборови ја почнува животната исповед 65 – годишниот скопјанец Таир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со овие зборови ја почнува животната исповед 65 – годишниот скопјанец Таир Даут, кој со години живеел на улица. Сам, без храна, вода, кревет… вели борбата со самотијата е најтешка, затоа што покрај семејство со жена и две керќи, тој останал сам.

„На улиците се најдов негдека околу 2012-та година, поточно, по моето излегување јас бев во затвор, до 2010-та. Така да, првиот период од излегувањето од затвор, бев, работев, се снаоѓав некако. 2012-та ми се повтори ударот, што го добив претходно во затвор, тоа беше 2009-та година. И имав 4 бајпаса, и така се најдов болен, на улиците. Порокот што го имав, коцката, беше еден од многуте лоши пороци, останав сам без никого, така да, 2012-та бев тотално на улица“ вели Таир Даут

Пред да стане коцкар имал сопствена фирма. Поради тешките сторени криминали со својот бизнис, но и порокот со коцката, си го растура семејството, но и завршува зад решетки цели шест години.

Реклама

„Коцката е една забва која многу кошта, јас сум изгубил милиони, но во валута, сите заработени пари ги изгубив, се наведов на криминал, направив криминал и тогаш паднав во затовор. Имав фалсификати, од работа, дека имав фирма, направив криминали, и законот си го направи своето, ме фатија луѓето, поштено си одлежав, бев осуден првично 15 години, па на 8 години, па после на 6 години и ме пуштија“ вели Таир Даут

Од улицата одлучил да побара помош во Црвениот крст, каде го згрижиле на подолг период. Редовно му давале топол оброк и место за да преноќува.

„Во сите објекти постои едно катче кое што се вика привремено прифатилиште, тоа се отвара при екстремно ниските температури. Во тие часови додека се тука им се делат три оброци, топли напитоци, медикаменти, суплементи, можат да поразговаар со доктор, социјален работник-психолог“ вели Драгана Лазаревска, Координатор на пунктот за бездомници

Бездомништвото не се решава преку ноќ, но за жал, лоша вест е што бројката на бездомни лица во државата се повеќе расте. Според информациите на пунктот за бездомници при Црвениот крст, вкупната бројка е околу 160 луѓе.

Таир со помош на Црвениот крст има и работа, како обезбедување во една фирма. Има и скромна но редовна месечна надокнада за да може да застане на нозе… Сепак семејството кое го изградил, веќе не е блиску до него… Не комуницира со ќерките и поранешната сопруга, но надежта дека некогаш пак ќе бидат дел од неговиот живот, не умира…

Давид Крстевски