Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Алфа сторија: Живот со предизвици, откажувања и проблеми на децата со дијабетес

Живот со дијабетес на 4 годишно дете. Постојано мерење на шеќерот, откажување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живот со дијабетес на 4 годишно дете. Постојано мерење на шеќерот, откажување од слатки задоволства. Секоја емоција, и среќа и тага може да резултира со покачување на шеќерот во крвта. Воопошто не е лесно ниту за децата а ниту за родителите на малата Бисера но и на стотици други деца во државава.

Државата која ги заборава.

  • Во моментов имаме голем недостаток на инсулин, на ленти, на глукомери за мерење, на игли…вели Ангела Младеновска.

Секое дете се плаши од игли, децата со дијабетес најмногу бидејќи треба да се боцкаат на секој час и половина. Спас им се сензорите. Еден сензор чини околу 65 евра и трае 14 дена. А родителите, оние кои можат, ги набавуваат од странство. Министерството за здравство нема одговор кога ќе го релизира ветувањето дадено пред околу две години.

Реклама
  • Тие сензори многу ни олеснуваат и навистина ни се неопходни и навистина не знам зошто уште министриве во здравството не реагираат како да немаат ни грам совест, ни грам емпатија особено спрема децата, Мислам и за другите луѓе што се со дијабет ама за децата најмногу….вели Ангела Младеновска.

А емпатија нема ни обичниот граѓанин. Во тоа се уверивме и ние. Додека таткото на малата Бисера објаснуваше со кои предизвици се соочуваат, друг родител буквално не избрка од летниковецот во кој снимавме. Нејзиното дете тука ќе славело роденден. Летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, според мајката, наводно бил резервиран и бараше да си заминеме.

– Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?

-Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината.

– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир.

–Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се.

– Нека му е среќен роденденот на синот, а ние ќе снимаме на друго место.

Со расплакано дете, додека надвор температурата беше „изгор скопско лето“, од летниковецот под сенка се преместивме на друго место и ги оставивме да го слават роденденот. И додека тие деца со сласт ќе јадат роденденска торта, малата Бисера не смее да јаде ниту едно парче.

Но тоа не е едниствен предизвик за дете од претшколска возраст. Настинките и лекувањето исто така се голем проблем.

–Тоа е голем предизвик за нас, цел ден се мери шеќерот, се додаваат корекции. Ќе додадеме една две единици, па ако се малку пак ќе додадеме. Не се знае и нервозата и стресот дополнително влијаат за да се покачи нивото на шеќерот. Проблем е и што таа не смее да пие сирупи, со апчиња се лекуваме а лекувањето оди со плачки.

Во меѓувреме рокот до 20 јули кој го дадоа дијабетичарите за да министерството им набави лекови и апарати за мерење на шеќер истекува. Илјадници дијабетичари од Нова година до денес се оставени на милост и немилост да се снаоѓаат како знаат и умеат, од сопствен џеб. Гневот како што најавуваат ќе го искажат на протести.