Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Алфа на терен: Активни десетина пожари – најкритично кај Ново Село и Неготино

Се гаснат и од копно и од воздух силните пожари кои ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се гаснат и од копно и од воздух силните пожари кои ја зафатија Македонија. Огнените стихии со поголем интензитет се на планината Серта кај Неготино, пожар кој се подели во повеќе краци. Посилни пламени јазици има и на Огражден кај Струмица каде гори борова шума на 1200 метри надморска височина.

Единицата за брзо распоредување заедно со армијата веќе втор ден помага во г

Иако изутрината пожарите се држеа под контрола, високите температури но и засилениот ветер повторно ги разгореа.

Реклама
  • „Селото Калањево има напревено како еден вид обрач, доколку дојде пожарот да не може да се префрли кон куќите. Населеното место Липа, Калањево и Бела Вода се на овој регион, на другиот регион се селата Пештерница и Брусник. Затоа што е непристапен терен, од селото Брусник со механизација за прави пат за да можат пожарникарите со теренските возила да пристагнат до пожарите “ рече Стојанов за Алфа – Градоначалник на Општина Неготино.

Помошта која ја побара македонската влада, утрото пристигна од Турција.

  • На терен имаме 103 припадници на Армијата, како и 30 припадници на ЕБР, кои вчера се покажаа исклучително корисни бидејќи се пробија на места кои се потешки за пробивање затоа што се поспремни“рече Ангелов во изјава за Алфа – Директор на ЦУК.

Веќе утре се учекува да пристагнат „ер трактори“ и хеликоптери од и Србија, Словенија и Црна Гора. Министерите за внатрешни, за надворешни, за одбрана и директорот на ЦУК се во постојана координација.

  • „Беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата“ потенцираше министерот Тошковски.

Според премиерот Македонија побарала помош за гаснење само во воздухоплови бидејќи се работи за високи и непристапни терени.

  • Од Турција се пристигнати два авиони и еден хеликоптер. Двата воздухоплови веќе работат на смирување на охнената стихија во атарот на општината Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај. Очекуваме помош и поддршка, и тоа само во воздухоплови бидејќи станува збор за непристапни региони, и од Србја, Црна Гора и Словенија, рече Мицкоски.

Освен пожарите на планината Серта и оној кај Ново село кои се гаснат претежно од воздух поради непристапноста, има и 10-тина други помали со кои се справуваат противпожарните бригади и локалното население кое доброволно помага. За полесна координација и спраување со огнените стихии Владата викендов прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија која ќе трае 30 дена.