Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Алфа ексклузивно: Нов тим професионалци, предлози за технички министри

Ги дознаваме предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави во техничката Влада. За…

Сподели:

Ги дознаваме предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави во техничката Влада.

За нов технички министер за труд и социјална политика ќе биде предложена д-р Рашела Мизрахи.

Рашела поседува импозантна биографија и докторска титула стекната во Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија.

Реклама

Таа била и првенец на генерација при Универзитетот СВ Кирил и Методиј Скопје.

Има остварено научно истражувачки дејности од повеќе области на Универзитети во Израел, Канада и Македонија, како што се: биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки, на катедра на проф. Хаим Браитбарт, Универзитет Бар Илан, Израел. Менаџмент на генетскиот потенцијал во Онтарио, Канада. Работела на институтот за истражување во кардиологија – Нјуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и повеќе други обуки.

Рашела Мизрахи работела како консултант на Глобален Фонд во рамки на програмата за Туберкулоза во Р.Македонија, на мониторинг на лабораторија во Израел, била и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Рашела живее во Скопје и е мајка на едно дете.

За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска, која е Магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј.

Поседува импресивна работна биографија од сферата на економското работење како и искуство од банкарскиот сектор. Моментално работи во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Гордана Димитриеска Кочоска поседува обуки, наобразби и меѓународни сертификати од повеќе области како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање , контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград,  а лиценцирана од CA Akademie AG.  Таа е сопруга и мајка на две деца.

За нов заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски кој е со огромно искуство од овој сектор.

Тој работеше во  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година беше директор на Државниот земјоделски инспекторат. Во периодот од 2006та до 2008та година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Од 2008та година до 2012та година беше и пратеник во Собранието на РМ, а моментално е и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

По струка е дипломиран земјоделски инжињер, а моментално е и пост дипломец на Земјоделскиот Институт во Скопје. Оженет е и татко на две деца.

За нов заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски. Таа е магистер по Европско право и право на Европска Унија.

Претходно работела во секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции каде што била координатор на економските промотори, и работела на привлекување странски инвестиции.

Има знаење и пракса од повеќе меѓународни обуки како што е работа на прашања поврзани со ООН, организирана од секторот за мултилатерала на МНР. Била ангажирана на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, координација на ЕУ фондови и други обуки.

Сопруга и мајка на едно дете.