Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Прилози

Алфа дојде до нови снимки: Луксузна јахта и летно сонце- Заев и оваа година си ужива на Егејско море

Нови снимки од уживањето на Зоран Заев на луксузната јахта, на Паљури, на првиот крак на Егејското море. На видео материјалите до кои дојде Алфа, се гледа поранешниот премиер со уште неколкумина, како се сонча на скапото пловило, но и како плива во чистите морски води. Според нашите информации човекот кој договори промена на името […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови снимки од уживањето на Зоран Заев на луксузната јахта, на Паљури, на првиот крак на Егејското море. На видео материјалите до кои дојде Алфа, се гледа поранешниот премиер со уште неколкумина, како се сонча на скапото пловило, но и како плива во чистите морски води.

Според нашите информации човекот кој договори промена на името на Македонија, веќе неколку дена ужива на грчкото приморје, во близина на преубавата плажа Голден Бич, покрај Паљури.

Ова не е прв пат Заев за летниот период да си се вози на скапа и луксузна јахта. Исто беше и лани во август, кога екс премиерот беше во друштво со својот близок пријател и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче. Со нив беше и Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Аеродром на последните локални избори, а сега потпретседател на социјалдемократите.

Реклама

Јахтата на која одмара Заев годинава не се знае дали е негова, но слични такви се продаваат меѓу 500 илјади и милиони евра, а за изнајмување цените знаат да одат и над 20.000 евра за една недела.

Матеја Петровски