Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Алфа анкета: Скопјани максимално разочарани од Арсовска, спас гледаат во новиот градоначалник

Повеќе канти за отпадоци, нови автобуси, повеќе зеленило и паркови, луна парк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе канти за отпадоци, нови автобуси, повеќе зеленило и паркови, луна парк за најмалите, спортски игралишта. На скопјани им недостига чиста метропола, со среден јавен превоз каде ќе можат да живеаат подобро, онака како што се живее во подалеку поразвиените земји. Граѓаните оптимисти дека по локалните избори главниот град повторно ќе се врати во нормала и ќе се решат најгорчливите проблеми со нехигиената и хаотичниот сообраќај во градот.

Дел од граѓаните разочарани од актуелната градоначалничка, велат спие во зимски сон, а градот наликува на змијарник со неискосени треви насекаде. Децата да има каде да си уживаат слободно, си посакаа самите. Денеска во Градскиот парк со нивните наставнички уживаа во убавото време. 

Актуелната градоначалничка вети пет мега паркови во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Чаир, Гази Баба и Кисела Вода. Нови еколошки автобуси како и бесплатен јавен превоз, но граѓаните го добија обратното: останаа на улица, а возачите без плата.

Реклама

Исто така, нема ниту трага од најдобриот, како што таа го најавуваше, луна парк на Балканот, но и од новите пет булевари. Листата со ветувања на Данела Арсовска е долга, но страните на реализација останаа неиспишани.

-Се бројат месеците до локалните избори, скопјани се уште имаат надеж за подобро и поквалитетно Скопје и бараат што поскоро да се решат проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Давид Крстевски