Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Александар Анѓушев од Коалицијата за зелена иднина: Помош за набавка на лекови за постари лица во Карпош

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош и копретседател на зелената партија ДОМ, Александар Анѓушев, во видео обраќање заборува за воведување на брз и фер систем на локална поддршка што ќе им служи на граѓаните секој ден, а не само пред избори, стои во соопштението на Демократска обнова на Македонија кое МИА го пренесува интегрално. 

„Карпош мора да биде општина за живеење, не за преживување. Политиката има смисла само кога стои до човекот во секојдневието, а не само пред избори,“ изјави Анѓушев, додавајќи дека позицијата на коалицијата е хумана локална грижа како политички принцип, не како привилегија за одбрани.

Како клучен инструмент, Анѓушев го најави мобилниот концепт за помош по повик — услуга со јавно пријавување, јасни правила и еднаква достапност во сите населби.

Реклама

„Нудиме мобилен концепт за помош по повик — кратка, но суштинска поддршка: набавки на лекови и намирници за постари лица, придружба до лекар, како и грижа за мали деца кога на семејствата им ‘гори’ со работа, здравје или итни обврски. Најавуваме локална солидарност, со јавно пријавување, јасни правила и еднаква достапност во сите населби“, вели Анѓушев

Во пораката кон жителите на оваа скопска општина, носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Карпош и ко-претседател на зелената партија ДОМ, ветува дека „Карпош ќе биде општина што ќе стои покрај сите вас.“