Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Албанија и кажа збогум на Македонија на патот кон ЕУ: Го отвори првото поглавје од преговорите

Албанија и кажа збогум на Македонија – Тирана го отвори првиот кластер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанија и кажа збогум на Македонија – Тирана го отвори првиот кластер во преговорите за членство на Албанија во Европската Унија. Тие во Луксембург ја одржува втората меѓувладина конференција со ЕУ и го отворија првиот гластер од поглавјето „Основсни вредности„.. Откако патиштата на Македонија и Албанија се раздвоија, албанскиот премиер Еди Рама порача дека се чувствувале тажни што браќата од Македонија сѐ уште не успеале да влезат во оваа фаза од процесот.

Тој упати низа критики за досегашниот однос на некои земји членки на ЕУ кон Македонија, поради блокадите изминатите години и рече дека е направена голема штета државава врз база на историски прашања кои треба да ги интересираат исклучиво историчарите, а не политичарите.

Да ја спречиш Македонија, потоа Северна Македонија и се надевам нема после да стане Јужна Македонија, да го направиш ова, правиш голема штета на еден народ, голема штета на нашиот регион. Продолжувам да стојам на ставот и сакам на сите да им кажам дека ова не е конфорнтација, јас го сакам Александар Македонски, сите го сакаат Александар Македонски, но јас не сакам да знам каде е роден и не претендирам како Албанец да земам дел од неговите гени, затоа што имаме многу Албанци кои претендираат дека Наполеон бил Албанец. Да не сакате да создадеме билатерален проблем со Франција за ова, затоа што после ќе имаме и еден билатерален проблем за Корзика и ова никогаш нема да заврши. Ајнштајн бил Албанец, знаете ли? Ве молам, мора да бидеме сериозни. Секогаш доаѓа моментот за блокирање, оставете ги местата да се развиваат, оставете ги да ја работат својата работа, да научат како да ги градат институциите, оставете ги да направат се што треба за владеење на правото и демократијата, рече Еди Рама.

Реклама

Кластерот 1 – основни вредности кој се отвора денеска, а се затвора последен, опфаќа – основни реформи, вклучувајќи, правосудството, основните права, јавните набавки, и финансискиот надзор. Напредокот, во овие области, ќе влијае на темпото на преговорите.  

Албанскиот премиер истакна, дека за членство, во ЕУ не е доволно само да се подигне европскиот дух, туку, треба да се работи на промена, на реалноста во земјата, со цел – да се обезбеди, дека се – ќе функционира согласно уставот. Албанија, е првата земја кандидат, што ги отвора преговорите, по  изменетата методологија, на проширување на ЕУ.

Владата и честиташе на Албанија за отворањето на преговарачките поглавја, но истовремено жали за состојбата во која се наоѓа Македонија.

Честитки стигнаа и од опозициската ДУИ. Лидерот на Интегративците порача дека ова се извонредни вести за Албанија, Албанците и целиот регион на југоисточна Европа, споменувајќи го очајот што Македонија се одвои од Албанија.