Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Активисти на Левица во обид да внесат раздор и да го киднапираат студентското движење

Активисти на Левица односно на Црвена Младина во обид да го киднапираат…

Сподели:

Активисти на Левица односно на Црвена Младина во обид да го киднапираат студентското движење.

ТВ Алфа од свиркачи доби комуникација од повеќе вибер групи во кои се планираат активности. Може да се забележи дека раздорот меѓу студентите го поттикнуват повеќе членови на младинското крило на партијата односно на Црвена младина. Имињата и се познати на редакцијата. Меѓу нив има и поранешен советник од Левица во Општина Аеродром, координатори на сектори во партијата, како и други истакнати членови.

На обидите за политизација реагираат и самите студенти. Апелираат политичките партии и нивните претставници да стојат настрана, бидејќи ова биле моменти на искрено делување и организирање на студентите.

Реклама

„Политичките партии, а особено политичката партија Левица се обидува да се вмеша во искреното, транспарентното и чесното организирање на студентите. Доколку во понеделник на собирот видиме партиски луѓе, ние ќе започнеме веднаш со нивно јавно објавување и обзнанување“, истакнуваат од студентското движење.

Официјалниот орган кој ги обединува сите студентски организации, Универзитетското студетнско собрание, исто така повика на единство меѓу студентите и да не се дозволи политичките партии и нивните влијанија, преку злоупотреба на состојбата да направат раздор помеѓу нив.

На оваа информација на Алфа реагираа од партијата Левица.

Во нивната писмена реакција велат:

„Без етички граници, нашиот млад член и студент на филозофскиот факултет во Скопје, Кирил Митановски, беше посочен дека поттикнува раздор помеѓу студентите; организира студентски протести; и е нивен лидер”.

Во реакцијата ја нарекуваат ТВ Алфа „провладин загар“ зошто веројатно знаат или мислат дека знаат во Левица, но ние не можеме да премолчиме обвинување за кое нема каква било основа.

Во нашата информација, не го спомнавме името на членот на Левица Кирил Митановски чиј идентитет го открија од партијата во нивното соопштение, ниту пак го прикажавме неговиот лик со фотографија во нашите вести.

(Овој текст е обновен и е додадена реакција од ПП Левица).