Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ако не Таравари, тогаш Касами е можниот претседателски кандидат, ДУИ молчи, а СДСМ го моли Курти да помогне?

Или Таравари или Касами ќе биде предлогот на Европскиот сојуз за промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Или Таравари или Касами ќе биде предлогот на Европскиот сојуз за промени на претстојните претседателски избори. Едниот кандидат за претседател на државата, а другиот носител на изборната единица шест. Касами вчера и конечно ги потврди шпекулациите дека е возможно токму тој, ако не сака Таравари да биде еден од трчачите на трката за шеф на државата.

Првично беше разговарано наш заеднички кандидатда биде Таравари, но не е исклучено, има комбинации и јас да бидам, изјави Касами.

Додека во Европскиот сојуз за промена договараат кој ќе биде кандидат за претседател, а кои носители на изборните единици. Се чини дека маневрот за поделба на Алијанса во полза на ДУИ не беше доволен.

Реклама

Сега, барем според дел од аналитичарите, се почестите средби на социјал-демократите со косовскиот премиер Курти се можен , но безуспешен обид на Ковачевски и Ахмети да го молат Курти да изврши некакво влијание на Европскиот сојуз за промени. Односно косовскиот премиер да ја убеди албанската опозиција во вториот круг на претседателските избори, поддршката да ја дадат на кандидатот на СДСМ и ДУИ, а не на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јанкуловски, тоа е само можно сценарио, бидејќи Ковачевски и Ахмети се свесни дека им следува пораз.

Aко тоа го прави во моментов, односно да бара поддршка преку Косово, тоа е сосема погрешен потег. Во контекст на она што значу сувереност на државата и она што значи водење на независна политика од странски фактори. Очајни луѓе прават очајни потези, затоа не би ме изненадило. Средбите зачестија…вели за Алфа, Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор.

Што и како се зборува на средбите на СДСМ со Кутри, точно не се знае. Но се погласни се шпекулациите дека СДСМ бара поддршка за Пендаровски за изборите. Токму и актуелниот шеф на државата имаше средба со Кутри пред половина месец. А и СДСМ под превезот на состаноци преку сестрински партии остваруваат средби со косовскиот премиер. Маричиќ и Зечевиќ веќе беа во Приштина, а социјал-демократите Кутри го шетаа и низ Скопје, по вечери, пијачки и партиски состаноци.