Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

„Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани“

Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДСМ со стаклено шише повреди вработена. Жената со повреди на главата заврши во Клиничката болница во Штип. Но, ова за Венко Филипче не беше доволно за тој да се огради и од неговиот советник, Аки Акиов да побара оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова само ги потврдува нашите сознанија кои ги соопштуваме во јавноста, дека тепачката со Советот е дел од едно поголемо сценарио кое има за цел дестабилизација во Кочани. Како што веќе кажавме, ваквото матно сценарио за предизвикување хаос го скроиле Венко Филипче и Зоран Заев пред месец дена во Дубаи, за каде што, впрочем, имаат златни визи. Насилството и тепањето во Кочани е дел и почеток на спроведувањето на овој план, чиј соучесник е и Акиов како човек од најблиска доверба на Заев. Советникот тепач на Филипче имаше една единствена цел, да посее чувство на страв и паника и да ја разгори омразата во Кочани, која со секојдневни прес-конференции СДСМ ја поттикнува. Со ова, СДСМ прави класична злоупотреба на трагедијата во Кочани и ја користи болката на граѓаните за ситни политички поени, за колку толку да ја спаси политичката кариера на Филипче, посочуваат од владејачката партија.

„Заев и Филипче мислат дека со нивната, и до сега испробана, тактика на заплашување и злоупотреба на трагедии, ќе добијат некој глас повеќе. Реализацијата на сценариото за создавање хаос и чувство на страв, не завршува само со тепачката во Советот, планот на СДСМ е да продолжи тензијата и насилството во Кочани. Но, залудни им се сите обиди за дестабилизација за спас на политичката кариера на Филипче и намалувањето на неизбежниот пораз на СДСМ на претстојните избори“,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

-Народот ги прочита и виде дека за спас на нивната кожа се спремни да ја злоупотребат болката на граѓани и да го фрлат во оган цел еден град. Затоа, и поразот којшто ќе го доживеат на претстојните избори, ќе биде историски најголемиот во историјата на плурална Македонија, по што Венко Филипче ќе замине во политичка пензија, а на СДСМ ќе му претстои борба за опстанок, посочуваат од партијата.