Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Акција за пошумување во опфатот на Белчишко Блато во општина Дебрца

Теренска акција за садење нативни дрвенести садници ќе се одржи денеска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Теренска акција за садење нативни дрвенести садници ќе се одржи денеска на границата со опфатот на Белчишкото Блато, близу селото Белчишта во општина Дебрца, соопштија од Здружението за екологија „Екоменлог“ од Охрид. 

Во акцијата ќе учествуваат ученици од ООУ „Дебрца“ во селото Белчишта во Општина Дебрца, како и ученици од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид, заедно со претставници на локалната самоуправа, противпожарните служби и граѓански организации. Акцијата има за цел младите директно да се вклучат во грижа за природата преку практична работа и учење на терен преку воспоставување еколошки противпожарни појаси како мерка за превенција од пожари и заштита на биодиверзитетот во чувствителните периферни зони на Белчишкото Блато, информираат од Здружението. 

Активноста се реализира во рамки на програмата што ја имплементира Здружението, преку проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“.

Реклама

Како дел од проектните активности, паралелно со теренската работа се развива и мобилната апликација „EcoFire Youth“, наменета за млади и граѓани кои сакаат активно да придонесат во превенција од пожари и заштита на природата. Апликацијата овозможува едукација за пожарни ризици, пријавување на потенцијални опасности и пожари, како и вклучување во еколошки активности и иницијативи на локално ниво. Апликацијата е достапна на следниот линк: https://ecofire.glide.page/

„EcoFire Youth“ е веб-апликација што може лесно да се користи преку мобилен телефон, без преземање од продавници за апликации, и претставува алатка за поврзување на младите, наставниците и пошироката јавност со конкретни активности за превенција од пожари, навремено реагирање и подигање на јавната свест, информираат од Здружението.