Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Акција за позелено Делчево: Засадени 60 садници липа во центарот на градот

Со засадување садници липа, членовите на Ендуро Тим Делчево реализираа акција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засадување садници липа, членовите на Ендуро Тим Делчево реализираа акција за разубавување на централното градско подрачје во Делчево.

Акцијата е дел од поширока иницијатива за збогатување на зеленилото во градот, откако беа донирани садници липа со цел да се придонесе кон обновување на препознатливиот изглед на градот.

Донацијата како што информираше градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски е обезбедена од долгогодишен поддржувач на локални еколошки активности се вклучи во иницијативата за засадување нови дрвја во градот. Тој посочи дека Делчево во минатото било препознатливо како „град на липите“ и дека ваквите активности имаат за цел повторно да го вратат тој дух и традиција.

Реклама

– Со заеднички ангажман на институциите, компаниите и граѓаните можеме повторно да го обновиме зеленилото и да создадеме поубава и поздрава животна средина за сите жители на општината, истакна Гоцевски.

Дел од садниците како што додаде тој се наменети за јавни површини и ќе бидат засадени на повеќе локации во градот, во интерес на сите жители.

Покрај оваа донација, во иницијативата се вклучиле и повеќе општествено одговорни компании и граѓани, при што вкупниот број на обезбедени садници липа надминува 1.000 садници, што претставува значаен придонес за зголемување на зелените површини во градот.

Во рамки на денешната акција, членовите на Ендуро Тим Делчево засадија околу 60 садници липа во централното градско подрачје, со што, како што посочија, сакаат да придонесат за поубав изглед на градот и да ја поттикнат грижата за животната средина.

– Веруваме дека со мали дела можат да се направат големи промени во заедницата. Нека растат дрвјата, а заедно со нив и љубовта кон нашиот град, порачаа од Ендуро Тим Делчево.

Иницијативата, како што беше истакнато, има за цел да поттикне поголема еколошка свест и активно учество на заедницата во создавање поубаво, позелено и поквалитетно урбано опкружување во Делчево.