Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Акција за пошумување во атарот на дебарското село Татар Елевци

Во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“, кој ЦНВП-Скопје го спроведува заедно со регионални партнери, во соработка со ICEP и со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој (ADA), денеска беше спроведена голема еколошка акција за пошумување во атарот на селото Татар Елевци, кое се наоѓа над градот Дебар.

На површина од 5 хектари беа засадени 10.000 садници од јасен, даб, црн бор и багрем, со што се придонесе за обновување на шумскиот фонд и заштита на природната средина во овој дел на градот, кој беше опожарен во големиот пожар во август 2024 година.

Во акцијата учествуваа повеќе од 100 учесници, меѓу кои претставници на институции, експерти од областа на шумарството, студенти, ученици и локални жители.

Реклама

Со поздравни обраќања на настанот се обратија директорот на ЦНВП Северна Македонија Нехат Рамадани, градоначалникот на Општина Дебар Фисник Меља, помошник-директорот на ЈП „Национални шуми“ Дејан Манџуковски, како и Марјан Парталоски, директор на Подружницата „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“.

-Секоја засадена садница претставува симбол на надеж, одговорност и грижа за идните генерации. Шумите се клучни за зачувување на биолошката разновидност, борбата против климатските промени и обезбедувањето чист воздух и вода, рече меѓу другпото Рамадани.

Градоначалникот  Меља, нагласи дека општината ги поздравува и поддржува ваквите иницијативи што придонесуваат за заштита на животната средина, одржливо управување со шумите и подобрување на природните екосистеми во Дебарскиот регион и пошироко.

На настанот учествуваа и наставници и ученици од средните училишта со шумарска насока „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, „Ѓорѓе Петров“ од  Кавадарци, „Георги Димитров“од 

Скопје и „28 Ноември“ од Дебар, како и професори и студенти од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

Акцијата претставуваше и можност за практично учење, при што експертите демонстрираа техники на пошумување и споделија знаење за одржливо управување со шумите, поттикнувајќија еколошката свест кај младите и пошироката заедница.

Проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“ е тригодишен регионален проект  а се реализира во сливното подрачје на реката Дрим, кое ги опфаќа Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.