Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

АХВ во Виница со едукативни активности за заштита на здравјето на младите „Размисли пред да консумираш енергетски пијалоци“

Државните советници во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Радмила Ј. Николовска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните советници во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Радмила Ј. Николовска и Светлана Колариќ, заедно со претставници од Одделението за јавни дејности во Општината Виница денеска пред околу 60 ученици од средното училиште „Ванчо Прке“ спроведоа едукација на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхрана, храна за спортисти и штетните последици од конзумирањето на енергетските пијалоци – Вистинска приказна или заблуда“.

Едукациите во училиштата се спроведуваат согласно Програмата за заштита на потрошувачи донесена од страна на Владата на Македонија, а одобрена од Министерство за образование. 

Во рамки на овие активности, стручните лица од Агенцијата ги запознаваат учениците со штетните последици од прекумерното консумирање на енергетски пијалоци и чаеви за слабеење. Преку интерактивен пристап и конкретни примери, младите добиваат релевантни информации за влијанието на овие производи врз нивниот организам.

Реклама

-Последиците од користење на енергетските пијалоци може да се јават и подоцна во животот на младиот човек и да предизвикаат проблем со кардиоваскуларниот систем. Поблаги транзиторни здравствени последици кои настануваат по прекумерно конзумирање се вознемиреност (анксиозност), главоболка, несоница и тие можат да преминат во хронични состојби. Но, исто така можат да настанат и посериозни здравствени последици како неправилен срцев ритам, срцев удар, оштетување на бубрезите и друго – потенцира државниот советник Николовска.

Посебен акцент се става на ризиците од високото ниво на кофеин, шеќери и други стимуланси во енергетските пијалоци, како и на несоодветната и неконтролирана употреба на чаеви за слабеење, кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.

-Целта на овие едукативни презентации е да се поттикне развој на критичко размислување кај учениците, да се укаже на последиците од неконтролирана употреба на вакви производи и да се охрабрат младите да носат информирани и одговорни одлуки за сопственото здравје – рече државниот советник Колариќ.

Агенцијата ќе продолжи со ваквите активности и во иднина, во соработка со образовните институции, со цел создавање на поздрава и поинформирана млада популација.

Посетата на Општина Виница денеска заврши со разгледување на Прогресив академијата и Развоен центар „Виничини“ и со презентација од страна на директорката на Прогресив академија Александра Кирилова за можностите за идна соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство.