Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ахмети во очај се заканува со своето воено минато

Калашникови, терористи маршираат во униформа, сцени од битката за Арачиново, извици УЧК,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Калашникови, терористи маршираат во униформа, сцени од битката за Арачиново, извици УЧК, УЧК – на Али Ахмети не му остана ништо освен во очај да се во повикува на своето воено минато. Додека зад него на видео бим одеа снимките од војната во 2001 година, а публиката го скандираше дури и името на бегалецот Артан Груби, кој патем е и на црната листа на САД, Ахмети не бираше зборови и рафално удри по сите, не бирајќи зборови – Вреди биле кучињата со кои премиерот тргнал на нив, а со кучиња не се ловеле орли.

„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајаци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајаци“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Ваквата воинствена реторика и националистички говор воопшто не се изненадување, ако се има в предвид дека пред само една недела Ахмети предвиде и црно сценарио за распад на Македонија доколку не влезе во ЕУ. Едни ќе оделе со Албанија, другите со Бугарија, затоа што тие ќе биле веќе дел од Европа.

Реклама

Додека Ахмети се занимава со мрачни сценарија и војната од 2001, неговите противници од ВРЕДИ кампањата ја започнаа со сосема друга, позитивна реторика. Зборуваат за конкретни проекти и идеи за подобар живот на Албанците во Македонија. Но, не останаа должни на нападите и навредите од ДУИ.

Изет Меџети, еден од лидерите на ВРЕДИ на својот Фејсбук профил оцени дека со ваквиот недостоинствен настап, Ахмети си ја запечатил политичката кариера. Според него пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив знак на слабост.

„Во моментот кога си ги нарекол ‘загари’ сите Албанци кои не мислат како тебе, си ја завршил политичката кариера. вечерва го стави печатот на делегитимирањето“, објави вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити.

Ваквиот старт на кампањата наговестува дека битката меѓу ДУИ и Вреди за Чаир и Гостивар ќе биде жестока. Последните мерења на јавното мислење, преставуваат разочарување за ДУИ, затоа што покажуваат дека разликата меѓу нив и Вреди е минимална.