Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Ахмети пак се заканува: Немало да дозволи Македонците да биле аги, а Албанците слуги

Али Ахмети се фаќа за сламка да се спаси и огради од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети се фаќа за сламка да се спаси и огради од Артан Груби. Во недостаток на аргумнети, повторно реши да се користи со национализам и закани. Не прифаќал Македонците да биле аги, а тие слуги во државата. ДУИ ќе бил ураган кој што ќе го спречел тоа.  

-Оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога се отстранија албанската и турската заедница. Овие пракси ниту биле, ниту се добри за мирот, стабилноста и безбедноста. Да користиш селективна правда со реторика „повторно Македонија на Македонците“, е колку неправедно, толку и опасно, затоа што очигледно во правосудниот систем се користи селективна правда, кадрите Албанци се омаловажуваат. Ова не е добро, ова предизвикува револт во големи размери кај Албанците, но и кај другите етнички заедници…, изјави Ахмети.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со ваквата реторика ДУИ не можат да добијат ништо, туку ова претставува само обид да го мобилизираат своето членство, но падот на нивниот рејтинг покажува дека одат во погрешна насока.

Реклама

-Они ако мислат дека така треба да продолжат да работат, нека си работат, тоа е нивна работа. Наместо да се извинат и да побараат бегалецот од правдата, односно бегалците од правда да се вратат, тие продолжуваат и понатаму да го делат народот. Но, народот е мудар, без разлика на етничката припадност, народот е мудар, овие политички пораки од опозицијата ги одбива, изјави Мицкоски.

Последните случувања го доведоа ДУИ во многу незавидна ситуација, од една страна мораат да го бранат Груби, а од друга да го перат Али Ахмети, за кого ставањето на поранешниот најблизок соработник на црната листа, е и повеќе од тежок удар. Околу тврдењата дека глава на сите случувања е Али Ахмети, екс министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели дека партискиот лидер не можел да знае што прават поединци.  

-Не може постапки на поединци да ја дефинираат цела една партија, партијата ја дефинираат принцпите, ја дефинираат политиките, колекитвните одлуки која што таа ги носи. Во тој дел мислам дека не може да се најде нешто спорно во однос на политиките на ДУИ, посебно по однос на антикорупциската политика, изјави Османи.

Поради сомнежи за сторен криминал, Груби заврши и на црната листа на САД. По неговото бегство, ДУИ преку соопштение порачаа дека нема да коментираат ништо за него, бидејќи повеќе не бил дел од партијата.

Матеја Петровски