Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Прилози

Ахмети немало да се враќа од улица: Заканите за протести на лидерот на ДУИ го допреа дното

Редовна реторика станаа заканите на Али Ахмети дека ќе излезел на улица.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редовна реторика станаа заканите на Али Ахмети дека ќе излезел на улица. Лидерот на ДУИ повторно реши да удри по правосудниот систем и да се заканува дека ќе извадел народ на улица и ќе протестирал ако Обвинителството поднесе обвинение за поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши за трагедијата во Кочани. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека останува да се види дали Ахмети има сила да го спроведе она со што се заканува.

-Ние тие најави ги слушаме веќе една година, претходно во неколку наврати ги слушавме, секој пат кога на тој политички субјект на ДУИ не и одговараат политичките случувања или кога се исфрлени од игра тие имаат тенденција да се закануваат и да покажуваат сила преку улица. Јас мислам дека се повеќе блефови и своевидни стравови бидејќи и самите се свесни што претстои кон одредени поранешни носители на функции, вели Ристевски за Алфа.

Инаку, лидерот на ДУИ се закани дека ќе излезел на протести, ако Бектеши стане обвинет за големата трагедија во Кочани.

Реклама

-Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејставта на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори, порача Ахмети.

Ахмети повторно се закани и со политичка криза, односно бојкот на локалните избори, доколку Уставниот суд го чепнел Законот за јазици. Според познавачите легитимно е да се протестира, но очајно и опасно е политичар да се заканува дека нема да се врати од улица, затоа што можеби поранешен министер би заработил обвинение, како потенцијално одоговорен за смртта на 62 млади животи.

Матеја Петровски