Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Ахмети му даде примамлива понуда на Tаравари ако коалицираат, тој официјално молчи, неофицијално не сака

Ќе биде ли Арбен Таравари клучната фигура за аморитзирање на поразот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе биде ли Арбен Таравари клучната фигура за аморитзирање на поразот на Владата на СДСМ и ДУИ? Од Алијанса на Албанците молк за оваа тема. Алфа го побара првиот човек на партијата како и нивната прес служба, но одговори не добивме. Според последните анкети, рејтингот на социјал-демократите драстично опаѓа, додека пак на интеративиците е горе-доле статус кво, исто како и на Алијанса на Албанците. Раст во рејтингот може да се забележи во одредени изборни едниници кај здружената опозицијата од албанскиот блок, но сепак не доволна за да го порази целосно ДУИ.

Затоа СДСМ од петни жили се обидува да ја убеди партијата од Мала Речица да оди во предизборна коалција со нив, но Ахмети калкулира дали да оди со СДСМ, дали сами. Во игра е и нова опција – заедно со Таравари.

Според неофицијални информаци Ахмети му понудил на Таравари 8 пратенички места и 5 градоначалнички, во замена за предизборен коалициски договор. Според информации на Алфа, Таравари не би сакал да биде дел од коалција со ДУИ и се поверојатно е дека нема да ја прифати понудата, сепак дел од крилото на Зијадин Села премолчно ги влече конците кон коалција со ДУИ.

Реклама

Се поверојатно е дека Алијанса би настапиле сами, но има и некакви шанси да одат со Меџити, Гаши и Касами, причина плус зошто постои таа веројатност е поддршката која ја добиле од Курти.

Според последните анкети, доколку би се правеле предизборни коалации, дури и СДСМ, Алијанса и ДУИ да одат заедно на избори со дузина помали партии, сепак нема да можат да ја формираат новата влада, оти бројката на гласови на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата од политичкиот блок  на албанската заедница е поголема.

Слични се предикциите и за претседателските избори, и таму се чека да се види која страна ќе ја заземе Таравари, и дали ќе излезат со сопствен кандидат или пак поддршка ќе дадат на некој друг.