Реклама

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Прилози

Ахмети и Филипче сложни во блокада: Поради ДУИ и СДСМ градоначалниците во Македонија се уште бели мечки

Поради СДСМ и ДУИ градоначалниците се уште остануваат бели мечки. Опозицијата го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради СДСМ и ДУИ градоначалниците се уште остануваат бели мечки. Опозицијата го блокира правото на граѓаните референдумски да ги казнат локалните шефови, доколку се незадоволни од нивната работа. Новиот закон за локална самоуправа е готов и уште од минатата година е во собраниска процедура, но потребно е двотретинско мнозинство и бадентер, кое не го овозможуваат поранешните партнери во власта, париите на Филипче и Али Ахмети. Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека сите апликативни амандмани од опозицијата за новиот закон, биле прифатени и интегрирани, но и тоа не е доволно да не блокираат.

-За жал се уште тој закон е заглавен во рамки на собраниската процедура, пред се заради немање на бадентер. Законот за локална самоуправа е системски закон, кој што се носи со двотретинско мнозинство и со голем бадентер. Јас се надевам опозициајата ќе се надмине од овој би го рекол политички инат и ова законско решение ќе се донесе конечно во рамки на Парламентот. (Кој го кочи?) Опозицијата се разбира… Опозициските партии ДУИ и СДСМ, изјави Перински.

Перински потенцира дека законското решение е согласно европската пракса, а најголемата промена предвидува граѓаните да иницираат референдум за отповиквуање на градоначалникот, ако не се задоволни од неговата работа.

Реклама

-Ова е многу суштинска реформа заради тоа што сите во политичкиот живот сме заменливи, само градоначалниците немаат никаква законска можност од кога ќе станат градоначалници, не постои законска можност да се отповикаат, освен нели ако кривично бидат осудени, или не дај Боже смрт, што никој не посакува, изјави Перински.

Перински дополнителна нејаснотија зошто опозицијата блокира е и што законот го прифатиле сите градоначалници. Дека е за вакво решение потври и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.  

-Народот те носи, те поставува на позиција и мора да има некаква шанса, во случајов референдумска можност за изјаснување за начинот на тоа дали добро ја водите општината или не. Без разлика на тоа што е причината за незадоволството, изјави Перински.

Со новото законско решение за локална самоуправа се предвидува и исполнување на едно од долгогодишните барања на граѓаните, воведување на општински редарски служби, односно комунална полиција.

Матеја Петровски