Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство започна превентивна вакцинација на добитокот против антракс во повеќе региони низ државата

Агенцијата за храна и ветеринарство по повеќегодишна пауза започна со превентивна вакцинација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство по повеќегодишна пауза започна со превентивна вакцинација против антракс кај говедата, овците, козите, копитарите и свињите. Акцијата се спроведува согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2025 година („Службен весник на Македонија“ бр. 54/25 и 211/25).

Вакцинацијата опфаќа населени места во епизоотиолошките единици Велес, Зајас, Прилеп, Пробиштип и Сарај, а треба да заврши најдоцна до 17 ноември. Вакцината „Anthrax Vaccine“ е веќе набавена и дистрибуирана до надлежните ветеринарни друштва во регионите каде што се спроведува превентивната кампања.

Трошоците за вакцинацијата се покриени од Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните за 2025 година.

Реклама

Антраксот е сериозно бактериско заболување предизвикано од Bacillus anthracis, која формира спори и најчесто ги погодува домашните и дивите животни. Иако ретко, луѓето може да се заразат преку директен или индиректен контакт со инфицирани животни, преку кожата, вдишување или цревна апсорпција.

Од Агенцијата потсетуваат дека болеста генерално не се пренесува од човек на човек, но спорите на бактеријата можат да опстојат во животински производи и во почвата со години, поради што редовната вакцинација и превенцијата се од клучно значење за заштита на здравјето на животните и луѓето.