Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Администрација во служба на граѓаните: Една година видливи резултати на реформите

Премногу долго граѓаните се соочуваа со институции кога за едноставна услуга беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премногу долго граѓаните се соочуваа со институции кога за едноставна услуга беа потребни денови, недели или месеци. Премногу долго се создаваше чувство дека системот е бавен и неефикасен, посочи премиерот Христијан Мицкоски на денот на јавната администрација.

Мицкоски истакна дека јавната администрација со години била дел од систем, кој погрешно бил поставен и погрешно се развивал, но и дека веќе една година  засилено се работи на реформите за создавање на модерна и ефикасна администрација.

-Нашата задача е да изградиме јавана администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка пред нивните потреби. Администрација која ќе биде препознаена по брзината на услугата, по односот, по професионалноста и ефикасноста во решавањето на проблемите, рече премиерот.

Реклама

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, посочи дека благодарејќи на реформите коишто започнаа пред 12 месеци, Македонија е на добар пат да изгради професионален и ефикасен апарат на администрација.

-Изминатите 12 месеци беа период на интензивна работа, но и период во кој реформите ја добија својата институционална форма и видливи резултати. Период во кој не зборуваме само за промени, туку период на нивно остварување и вградување во институции, изјави министерот.

Минчев посочи дека спроведувањето на реформите било олеснето со формирањето на Реформскиот совет, со кој раководел премиерот лично.

Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, порача дека јавната администрација има потреба од постојано усовршување и реформирање.

-Интегративниот процес е организиран во поглавја и кластери, но ниту еден од нив не се однесува на јавната администрација. Нема поглавје и кластер за јавната администрација. Бидејќи таму реформите не завршуваат, тоа е основниот принцип не само на пристапниот процес, туку на константанта заложба са постојан напредок и усовршување на администрацијата, посочи тој.

Денот на јавната администрација беше воспоставен минатата година, со што беше означен почетокот на реформите. Годинава настанот беше одбележан под мотото – доверба, интегритет, резултати: темели на модерна и европска јавна администрација.

Срѓан Ивановиќ