Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките операции за 2025-та. Ќе финансира до 50 проценти од цената на чинење за обуките на 27 кандидати.

Директорот на АЦВ Драги Стојаноски вели дека Агенцијата презема мерки за надминување на состојбата со сериозен недостаток на воздухопловен персонал. Одлучиле дел од средствата од кои се финансира АЦВ да ги наменат за унапредување на цивилното воздухопловството.

– Во повеќе наврати на средбите со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сме ја констатирале како критична состојбата која укажува на сериозен недостаток на воздухопловен персонал во Македонија. Разбирајќи ја како наша „обврска” потребата за преземање на конкретни активности за надминување на оваа состојба одлучивме да го искористиме правниот основ кој ни го дава Законот за воздухопловство и дел од средствата од кои се финансира Агенцијата, да ги намениме за „унапредување на цивилното воздухопловството”. Во таа насока предвидените средства за таа намена во буџетот на АЦВ за 2025-та ќе се користат за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување на дозволи од областа на летечки операции, вели Стојаноски во пишана изјава.

Реклама

Тој појаснува дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува со финансиски средства во висина до 50 проценти од цената на чинење за обуки на седум кандидати за стекнување на дозвола за пилот на авион PPL(A), на тројца кандидати за стекнување дозвола за пилот на едрилица, на пет кандидати за стекнување дозвола за пилот на ултра лесни авиони, на 10 кандидати за стекнување на дозвола за пилот на параглајдер и на кандидати за стекнување на дозвола за падобранец.

– Со ова се потрудивме да опфатиме поширок спектар на воздухопловен персонал, дел – обуки кои се основа за понатамошен професионален развој и градење на професионална пилотска кариера и дел на обуки од областа на воздухопловно спортски активности како стимул за досегашните високи резултати постигнати од поединци, тимови и репрезентацијата на европски и светски натпревари,  изјави Стојаноски.

Покрај тоа што ќе создадеме минимум 27 нови воздухопловци, дополнува Стојаноски, целта на овој проект е да ги раздвижи и обнови активностите во аеро клубовите и спортските аеродроми кои соочувајќи се со финансиски проблеми, нерешени имотно-правни односи, без помош од државата – полека замираат, а кои во минатото беа основата за создавање на персонал кој подоцна го користеле и МО, воздухопловните единици на МВР, СОЗР, ДЗС – пилоти на АТ 802А Fire Boss, како и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Стојаноски напоменува дека 27 кандидати за воздухопловен персонал во исто време на обука во Македонија немало во последниве 25 до 30 години.

На Јавниот повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи за приватни пилоти, може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат услови:те Да се државјани на Македонија; Да имаат завршено 4 годишно средно образование;  Да се на возраст од 18 до 30 години; Познавање на англиски јазик минимум ниво Б2; Да се психофизички способни (лекарското уверение ќе се достави само од избраните кандидати пред склучување на Договорот).

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето со можност да се повтори доколку нема доволен број на пријавени кандидати.

Критериум за избор на кандидатите кои ги исполнуваат условите се резултатите од тестот што ќе го спроведе Агенцијата (математика и физика). За секој вид на дозвола ќе бидат избрани највисоко рангираните кандидати според бројот
на бодови од тестот, се наведува во повикот.