Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика 

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад  (РКЕ). 

– Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање. Ристов е член на Комората на овластените архитекти и овластените инженери на Македонија со овластување А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија – наведе Комисијата за прашања на изборите и именувањата во предлог-одлуката за именување на Ристов, што ја усвои на 17 минатиот месец.

Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле партиски кадар за претседател на РКЕ, а од власта посочија дека Ристов ги исполнува условите и оти со своето искуство, знаење и авторитет заслужува да биде на позицијата. 

Реклама

Амар Мециновиќ од Левицата оцени дека Ристов не може да биде независен во раководењето на РКЕ затоа што, како што посочи, е близок соработник на премиерот.  

Тој најави дека ќе го оспори назначувањето на Ристов со формална претставка до Европската енергетска заедница затоа што „ги нарушува критериумите на ЕЕЗ и не е независен, туку директно политички кадар на ВМРО-ДПМНЕ“. 

Митко Трајчулевски од СДСМ, пак, посочи дека Ристов е поранешен градоначалник и оти доаѓа од бизнис-секторот како сопственик на мали хидроцентрали, од што се откажува пред да конкурира за позицијата во РКЕ. – Освен формално правни работи, треба да имаме и етика и морал, зад него секогаш ќе стои сенката на поврзаност со бизнис-интереси. Назначувањето ќе отвори сериозни дилеми и загриженост и кај нашите меѓународни партнери и кај ЕЕЗ – рече Трајчулевски. 

Во реплика Бојан Стојановски од ВМРО-ДПНЕ повика да се зборува со факти и оти ставовите на СДСМ не се во насока на тоа дали кандидатот е квалитетен или не. Истакна дека претседателот на РКЕ се бира исклучиво според Законот за енергетика и оти Ристов ги исполнува сите можни услови што се наведени во законот. 

– Ристов и тоа како заслужува да биде претседател на РКЕ, има три децении искуство, има знаење, докажан е во работењето и има општествен авторитет. Предлагаме лица кои се квалитетни и со соодветно образование и ги исполнуваат условите од законот – рече Стојановски. 

Поранешниот претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.