Реклама

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Македонија

Ацевски: Криминалот и корупцијата во јавната администрација постоеле и ќе постојат – да се трудиме да ги сведеме на прифатливо ниво

– Криминалот и корупцијата во јавната администрација постоле и ќе постојат. Но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Криминалот и корупцијата во јавната администрација постоле и ќе постојат. Но ние треба да се трудиме да ги сведеме на прифатливо ниво – истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски во денешната изјава за медиумите пред почетокот на Регионалниот форум за превенција на корупцијата и процена на ризиците од корупција во Западен Балкан, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје, во организација на Државниот завод за ревизија.

– Овој настан во суштина претставува активност која се однесува на организација на сите врховни ревизорски институции од Западен Балкан, бироата за јавни набавки и комисиите за спречување корупција. Настанот е финансиран од страна на ЦИПФА, со седиште во Лондон, и во суштина е наменет да се обединат сите надлежни институции, да дискутираат во однос на начинот на превенција на корупцијата и начинот на процена на ризиците од корупцијата – нагласи тој.

Ацевски рече дека се свесни оти ниедна држава не е имуна на коруптивните активности, меѓутоа, нагласи тој, мора да бидеме свесни дека континуирано мора да вложуваме во активностите за превенција на корупцијата и нејзино сведување на прифатливо ниво. 

Реклама

– Ниедна држава не може да каже дека нема корупција и сите активности на државите, вклучувајќи ја и нашата, треба да бидат насочени кон превенција на корупцијата и сведување на прифатливо ниво – додаде тој.

Посочи дека ​Државниот завод за ревизија, како врховна ревизорска институција на државата, континуирано со својата работа и посветеност на вработените дава придонес во превенцијата на корупцијата и процесирање на утврдените состојби до надлежните органи во услови кога имаат сомнеж за утврдување одредени неправилности.  

– ​Сведоци сте дека во последно време одредени ревизорски извештаи завршија во Јавното обвинителство, кои кажуваат на енормно високи активности што имаат елементи на коруптивни активности и верувам дека надлежните органи ќе ја процесираат целокупната активност до крај со цел да се заштитат јавните средства, односно да се заштитат средствата на даночните обврзници – истакна Ацевски.

Тој рече дека ​нивната активност е насочена кон чување на јавните средства, односно заштита на интересите на даночните обврзници и испорака на поквалитетни услуги кон граѓаните.

– Бидејќи и ние ревизорите и сите вие како вработени во медиумите сте корисници на одредени услуги во јавниот сектор, заедничка цел во суштина е превенција на корупцијата и заштита на средствата на даночните обврзници – додаде Ацевски.

Прашан колку од државните институции ги спроведуваат своите извештаи за ревизија и дали правеле некоја анкета, колку има подобрување, зашто честопати во нивните извештаи се велело дека неколкупати укажале, а ништо не е преземено, Ацевски рече дека Државниот завод за ревизија континуирано води евиденција на преземените активности и известува во годишните извештаи.

– Државниот завод за ревизија има воспоставено систем на евиденција на дадените препораки и преземените активности по дадените препораки. Во исто време, извршната власт, односно Владата, при разгледување одредени конечни ревизорски извештаи, каде што ја има таа улога на надзор на органите или е одговорна да управува со одредени правни субјекти што се под непосредна надлежност на Владата, ги задолжува со заклучок при разгледување на конечниот ревизорски извештај да подготват акциски план, во кој тој акциски план треба да го достават до Владата и до Државниот завод за ревизија. ​Врз основа на издадените препораки содржани во конечните ревизорски извештаи и повратните информации, кои субјектите предмет на ревизија имаат обврска да го достават во рок од 90 дена, Државниот завод за ревизија континуирано води евиденција на преземените активности и известува во годишните извештаи. Ако забележите дека во првите седум страни од годишниот извештај за работењето на Државниот завод за ревизија за 2025 година известуваме за преземените мерки по дадените препораки и тој процент изнесува некаде околу 85 отсто на преземени мерки по дадените препораки – одговори тој.

Но, како што нагласи, ​тоа не значи дека секоја институција постапила по дадените препораки. 

– Сè уште имаме потреба и сè уште надлежните органи имаат обврска да постапуваат по дадените препораки бидејќи мора да се сведеме на состојбите – корупцијата треба да ја сведеме на прифатливо ниво, при што нема да нè потресуваат одредени скандалозни тврдења и состојби, каде што нема да имаме утврдени набавки, каде што одредена опрема ќе стои со години неупотребена или каде што имаме одредени производи што воопшто се набавени, а не се ставени во употреба – додаде Ацевски.

На прашањето колкаво е задоволството од одговорот на надлежните институции, од Собранието, колку често тие ги разгледуваат нивните извештаи, колку се задоволни од одговорот на обвинителствата за тие наоди што се најдени таму, вклучувајќи ги и извештаите за Оноколигија и за „Лотарија“, рече дека е задоволен од соработката.

– Степенот на задоволство е на соодветно ниво, јас сум задоволен од соработката. Дали може да ја подобриме соработката – секако дека треба и може. Претходната недела, во организација на судот за ревизија на Франција и Државниот завод за ревизија, имавме работилница со претставници на Јавното обвинителство, на Финансиската полиција, на Министерството за внатрешни работи, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на пример, на Министерството за финансии, односно Финансиската инспекција. ​Секако дека Државниот завод за ревизија во фазата на утврдување на одредени елементи во кои имаме сомнеж за кривично дело или во текот на извршувањето на кривичното дело, како што беше случајот со „Државната лотарија“, Јавната здравствена установа во Прилеп и така натаму, ги известува надлежните органи за преземање конкретни активности, за продолжување на понатамошната истрага и за преземање конкретна активност – одговори Ацевски.

​Кога зборуваме за степенот на постапување на надлежните органи, додаде, мора да се имаат предвид и начинот и условите со кои тие располагаат и степенот на располагање на човечки ресурси и финансиски средства.

– Секогаш може да биде подобрена соработката. Во делот со Јавното обвинителство имаме потпишано меморандум за соработка во кој донесовме и интерен акт во рамките на Јавното обвинителство, интерен акт во рамките на Државниот завод за ревизија, пропишавме посебен соодветен образец во кој ги елаборираме утврдените состојби и ја олеснуваме работата на јавните обвинители и ваквите сомнежи ги доставуваме до јавните обвинители. ​Честопати имаме контакти, контакт-лица, кои контактираат за утврдените состојби, јавните обвинители ги користат ревизорите за појаснување одредени состојби. Меѓутоа, сметам дека има одредена состојба која треба да ја надминеме во наредниот период, а тоа е во делот на она што значи ревизорскиот извештај да претставува основа за поднесување конечна пријава, а не основа за вештачење од страна на Јавното обвинителство, бидејќи Јавното обвинителство по добивање на самиот конечен ревизорски извештај, дава наредба за вештачење на утврдените состојби – појасни Ацевски.

Тој смета дека таа состојба во понатамошниот период треба да се надмине од причина што мора да му се даде третман на самиот конечен ревизорски извештај како доказ за преземање одредени обвинителни активности.  

– ​Во делот на соработката со Собранието, навистина сум задоволен бидејќи во 2022 година потпишавме меморандум за соработка со Собранието. Во тој период понатаму почна пишувањето на историјата на соработката помеѓу Државниот завод и Собранието, каде што одредени конечни ревизорски извештаи беа предмет на разгледување. Се сеќавате дека имавме и одредена комисија за разгледување на извештајот за Онкологија. Навистина тој извештај не се разгледуваше на пленарна седница, меѓутоа почнаа активности и јас верувам дека таа активност ќе се продлабочи. ​Предлог-законот за државна ревизија очекувам во октомври да биде донесен во Собранието, каде што се зајакнува одговорноста за преземање одредени мерки по дадените препораки од страна на субјектите предмет на ревизија. Со измените или со донесувањето на новиот закон за државна ревизија се воспоставува можност Државниот завод за ревизија да изрекува соодветни прекршочни активности за непостапување по дадените препораки, но во исто време се подигнуваат на едно повисоко ниво соработката и обврската на Јавното обвинителство да известува за постапувањето по конечните ревизорски извештаи – посочи Ацевски.

На прашањето колку има криминал и корупција во јавната администрација, рече дека секогаш го имало и додаде дека мора да се менува начинот на размислување на вработените во јавниот сектор. 

– Криминалот и корупцијата во јавната администрација постоле и ќе постојат. Но она што велам и претходно: ние треба да се трудиме да ја сведеме на прифатливо ниво, но во исто време треба и да градиме капацитети кај нашите вработени, да градиме знаење и вештини кај нашите вработени, колку може повеќе тоа да го откриваме и да имаме развиени вештини за детектирање на таквите состојби, сè со цел во насока да ги превенираме, а понатаму да ги репресираме.  Најголема инвестиција во суштина е во превенцијата на активностите, да го спречиме настанувањето такви коруптивни елементи и она што сакам да го истакнам и постојано го истакнувам: мора постојано да се менуваме, особено вработените во јавниот сектор, а впрочем и нашите вработени се вработени во јавниот сектор, менување на начинот на размислување – рече тој.

Нагласи дека јавната администрација постои за граѓаните, а не граѓаните за јавната администрација. 

Шведскиот амбасадор Ола Солстром рече дека спречувањето и борбата против корупцијата заслужува огромно внимание затоа што помага да се зајакне демократијата и е многу важна за општеството.

– Борбата против корупцијата исто така помага да се обезбеди владеењето на правото и да се зајакне транспарентноста и затоа е приоритет за земјите од Западен Балкан и за Македонија. Суштинска е исто така и на патот кон приклучувањето во Европската Унија, за обезбедување подобра деловна клима и тоа е нешто што граѓаните го очекуваат и го заслужуваат. Токму затоа Шведска и нашата амбасада го поддржува овој проект на Државниот завод за ревизија и се надеваме дека сите наши партнери ќе го поддржат – истакна тој.

Антонијо Милошоски, собранискиот потпретседател, го поздрави настанот, чиј домаќин е Државниот завод за ревизија, поддржан и од ЦИПФА како една етаблирана организација, и додаде дека извештаите од Државниот завод за ревизија се предмет на разгледување во Собранието од работните тела што вршат надзор над трошењето на буџетските средства. 

– Од страна на Собранието секогаш гледаме да му укажеме поддршка на Државниот завод за ревизија врз основа на тоа што имаме потпишано заеднички меморандум. И извештаите од Државниот завод за ревизија се предмет на разгледување во Собранието од работните тела што вршат надзор над трошењето на буџетските средства. Исто така, во процедура е предлог-закон за измени и дополнување на Законот за државната ревизија и со тој предлог-закон, кој очекуваме да има добра дискусија, можеби и некои амандмани, а целта ни е да го подигнеме дополнително, да го зајакнеме интегритетот на ДЗР како стручно и независно тело – истакна Милошоски. 

На новинарско прашање одговори дека секогаш е добро да биде разгледуван некој ревизорски извештај кога ќе привлече внимание. 

– Со разгледувањето на пленарна сесија, за нас тоа има особено значење бидејќи и како пратеници стануваме посвесни за одредени можни девијации, а и даваме дополнителна јавност на државните извештаи на Заводот за ревизија. А добар дел од нив, колку што знам, во минатото бил предмет и на разгледување од страна на Јавното обвинителство, што е постигнување одредена цел, за на посовесен начин да се работи со јавните финансии – нагласи Милошоски. 

Ана Блекман, главна оперативна директорка на ЦИПФА, рече дека организацијата е тука да обезбеди дека јавните пари се трошат на добар начин затоа што на тој начин можеме да ги промениме животите на луѓето. Таа појасни дека со Државниот завод за ревизија соработуваат повеќе години во полето на спречувањето на корупцијата затоа што е многу важно не само таа да се детектира и да се истражува туку и да се овозможи сè за да се спречи корупцијата. 

– Тука сме да ги поддржиме и регионалните организации, но и националните организации, со цел да им овозможиме одржлива борба против корупцијата. Ние го споделуваме нашето знаење, она што функционира во пракса, и им овозможуваме потоа на националните организации да го стават тоа во нивниот локален контекст, а не да им кажуваме како да го направат тоа. Исто така, посветени сме на градење на капацитетите и многу сме задоволни од тоа што соработуваат колегите во регионот на Западен Балкан и изнаоѓаме заеднички решенија на ниво на целиот регион – истакна Блекман.