Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Народна банка: Раст на безготовинските плаќања и на дигиталните канали, намалување на бројот на поплаките и зголемени девизни резерви во првиот квартал од 2026 година

Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за плаќањата во Македонија во 2025 година, при што беше констатиран натамошен раст на безготовинските плаќања и засилена употреба на дигиталните канали за извршување платежни трансакции, се наведува во соопштението од Народната банка.

Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и раст од 36,4% на годишна основа. Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на електронските кредитни трансфери, што упатува на поширока прифатеност на електронските начини на плаќање.

Советот беше информиран дека бројот на платежни трансакции со платежни картички пораснал за 8,4%, при што нивното учество во вкупните безготовински плаќања достигнало 69,1%. Раст е забележан и кај плаќањата во е-трговијата и на ПОС-терминалите, што укажува на натамошно јакнење на дигитализацијата и довербата во електронските канали за плаќање. Кај граѓаните, 71,7% од електронските кредитни трансфери биле иницирани преку мобилни уреди.

Реклама

Во рамките на разгледувањето на состојбите во платежната инфраструктура беше оценето дека продолжува развојот на современите дигитални решенија и бесконтактни плаќања. На крајот на 2025 година, во земјата имало околу 2 милиона платежни картички, од кои 98,7% овозможуваат бесконтактни плаќања, додека 97,4% од ПОС-терминалите биле подготвени за бесконтактна технологија.

Советот го разгледа и Извештајот за поплаките кон банките и штедилниците во 2025 година, при што беше констатирано намалување на бројот на поплаките од физичките лица и натамошно унапредување на системите за заштита на потрошувачите во банкарскиот сектор. Во 2025 година, бројот на поплаките доставени до банките и штедилниците се намалил за 4,1% во однос на 2024 година. Во корист на клиентите  биле решени  71,5% од поплаките.  Воедно, беше посочено дека Народната банка продолжува со активностите за унапредување на системите за заштита на потрошувачите во банкарскиот сектор, со цел обезбедување поголема информираност, фер практики и ефикасна заштита на правата на потрошувачите.

На седницата беше разгледан и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал од 2026 година. Беше посочено дека девизните резерви на крајот на март 2026 година достигнале 5.249 милиони евра, при што растот главно произлегува од нето-приливите за Владата и државните органи, како и од позитивните курсни и ценовни промени. Во услови на зголемена неизвесност на глобалните финансиски пазари, Народната банка продолжува да управува со девизните резерви согласно принципите на сигурност и ликвидност.

На седницата Советот разгледа и други материјали и информации поврзани со тековното работење и надлежностите на Народната банка.