Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 60.000 евра пари од членарината на работниците, Деаноски од УПОЗ ги потроши на спортски игри во луксузно туристичко место во Црна Гора

Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина. Додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права излегува на виделина. Додека глумат загриженост за работници и, наводно, се борат за повисока минимална плата и тврдат дека во Македонија биле ниски платите, синдикалните претставници се луксузираат на трошок на синдикатите и врз грбот на работниците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на работниците, за кои велат дека живеат во сиромаштија, се луксузира во Црна Гора.

Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не ги организирал во некој македонски град Скопје, Охрид, Дојран или, пак, Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место во Црна Гора, Чањ.

Реклама

На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои до сега многупати се одржувале во државава, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра.

Деаноски кој е претседател на синдикатот на УПОЗ и е дел од раководството на ССМ, ги троши парите од чланарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри.

Синдикалците на батерии си го покажаа вистинското лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а зад камерите се луксузираат на грбот на своите членови.

Овие самопрогласени и самоизбрани синдикални претставници заинтересирани се само за своите лични интереси и бенефиции, високите плати кои добиваат од синдикатите, трошењето на синдикалните буџети наполнети со парите на работниците.