Реклама

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Македонија

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба.

Како што се посочува во соопштението, по истекот на рокот, односно од 2 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи.

УЈП во законски утврдениот рок го заврши генерирањето на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2025 година. Генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во споредба со минатата година, кога беа генерирани 841.671 пријава. Досега, од страна на даночните обврзници се потврдени 27.788 годишни даночни пријави.

Реклама

Оттаму објаснуваат дека врз основа на податоците од ДЛД-ГДП, Управата за јавни приходи издава уверенија за остварен доход и доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните. Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на одредени права на граѓаните. Дополнително, доколку во 2025 година граѓаните оствариле доход повисок од 2.000.000 денари по основ на изнајмување деловен простор во земјата, давање менаџерски, правни, економски, инженерски или занаетчиски услуги, давање приватни часови на ученици и студенти, продажба на земјоделски производи или друг доход кој произлегува од континуирано вршење оданочив промет, потребно е да се регистрираат за цели на ДДВ, или УЈП може по службена должност да ги регистрира како ДДВ обврзник врз основа на податоците од ДЛД-ГДП.

Кај обврзниците кај кои во ДЛД-ГДП е утврдена обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, УЈП ќе генерира налог за доплата со фолио број, кој ќе биде содржан на третата страница од печатената даночна пријава (PDF документот). Обврзниците кај кои е утврден повеќе платен данок имаат можност во самата пријава да поднесат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници, пред истекот на рокот, да ги проверат своите годишни даночни пријави и, доколку податоците се точни, истите да ги потврдат, а доколку не се согласуваат со изнесените податоци, да ги коригираат. Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса [email protected] или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).