Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Жолчна дебата во Собранието за Законот за задолжување

Пратениците дадоа зелено светло за Законот за задолжување кај странски банки од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците дадоа зелено светло за Законот за задолжување кај странски банки од 260 милиони евра. Овој заем беше предвиден уште лани согласно буџетот за годинава за враќање стари долгови, капитални инвестиции и буџетски потреби. . Министерството за финансии претходно побара понуди од 14 банки, по што доби одговор од 8. Се работи за реномирани финансиски институции од САД, ОК и ЕУ. Заменик министерот за финансии истакна дека заемот е земен по најповолни услови, со камата од околу 4,4 отсто. Ќе се враќа за 7 години со Грејс период од 3 години. За критиките од опозицијата за задолжувањето, тој вели дека намерно е побаран Грејс период, токму поради големите задолжувања од претходната влада кои достасуваат во овој период.

Од опозицијата критики. Тие критикуваат дека ако е силна економијата, не требало да се земаат пари за буџетска ликвидност. Според нив, тоа што биле земени 260 наместо предвидените 300 милиони евра било доказ за сомнеж во фискалните политики на државата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека Министерството за финансии решило да земе 40 милиони евра помалку, бидејќи во давната каса ќе се слеат парите од Европската Комисија за спроведените реформи. Тие порачаа дека СДСМ не може да критикува бидејќи во нивно време јавниот долг се зголемил од 4,8 млрд евра во 2017 на речиси 9 на крајот на мандатот.

Реклама

Пратениците ја разгледаа и фискалната стратегија според која се ревидирани проекциите поради конфликтот на Блискиот Исток. По кризата, ќе следи стагнација. Економскиот раст ќе биде 4% следната година, а инфлацијата ќе се сведе на 2% до 2031-вата.