Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат 

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво.

Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. Постдипломски студии по масовни комуникации и информирање посетувал на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања и стекнал звање магистер по политички науки.

Новинарската кариера ја почнал во Скопје со текстови во повеќе дневни, неделни и месечни информативни гласила. Професионалниот врв во новинарството го достигнал во тогашната агенција ТАНЈУГ, каде во 1986 година бил именуван за дописник од Австралија и Јужниот Пацифик. Во тој период активно ја следел и афирмирал македонската заедница во Австралија. Како публицист и истражувач Треневски е автор на голем број дела. 

Реклама

Со осамостојувањето на Македонија, Мартин Треневски беше именуван за министер за информации во првата влада на Република Македонија. Подоцна, како министер во Министерството за иселеништво, работеше на унапредување на врските меѓу државата и македонското иселеништво во светот. Беше амбасадор на Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија, генерален конзул во Торонто, Канада, и македонски амбасадор во НАТО. 

Треневски беше активен и во политичкиот живот како член и активист на ВМРО-ДПМНЕ од почетоците на партијата. 

За својата работа како новинар, публицист и дипломат е добитник  на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и највисоката новинарска награда во Македонија – „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 1983 година. 

Погребот ќе биде утре (27 мај 2026) во 13:00 часот на Градските гробишта Бутел.