Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

65,7 милиони евра за Македонија, Брисел ја потврди успешноста на реформските чекори на земјава

Македонија на врвот како најнапредна во реформската агенда. Со реформи во образованието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија на врвот како најнапредна во реформската агенда. Со реформи во образованието и дигитализацијата до европски пари. Потврда за успехот пристигна и од Европската Унија. Денеска Европската Комисија ни одобри најмногу пари или 65,7 милиони евра од Планот за раст за Западен Балкан. Во Македонија, оценетите реформи вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за проширување на пристапот до дигитална инфраструктура и ИТ опрема во училиштата. Од предвидените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека преостанатите средства се достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

„Средствата што се наменети за Инвестициската рамка за Западен Балкан, откако ќе бидат одобрени од одборот, ќе поддржат инфраструктурни проекти во одржлив транспорт, чиста енергија, дигитален развој и развој на човечки капитал. Проектите ќе се спроведуваат во тесна соработка со партнери од Западен Балкан и меѓународни финансиски институции“ – ЕВРОПСКА КОМИСИЈА.

Европската Комисија одобри 159 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора во рамки на Програмата за реформи и раст. Најмногу пари добива Македонија – 65,7 милиони евра, за Албанија следуваат 49 милиони, а за Црна Гора 44,2 милиони евра. Овој потег следи по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за направените реформски чекори спроведени во областите образование и дигитализација во Македонија и деловна конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора.  

Реклама

Со ова, паѓаат во вода обвинувањата на опозициската СДСМ дека Македонија доцни со спроведувањето на реформите. СДСМ постојано критикува дека повеќе од две години не е направен значаен напредок во исполнувањето на реформските обврски, додека роковите за нивна реализација се при крај.

Со ова одобрување за исплата, вкупниот износ ослободен од оваа програма достигнува 212,8 милиони евра за Албанија, 89,3 милиони евра за Црна Гора и 142,1 милиони евра за Македонија.

Планот за раст за Западен Балкан беше усвоен во 2023 година, со цел земјите-партнери од регионот да имаат придобивки од членството пред нивното пристапување кон ЕУ. Тој треба да ги интегрира државите во Единствениот пазар на ЕУ, да ја унапреди регионалната економска соработка, да ги продлабочи реформите поврзани со ЕУ и да го зголеми претпристапното финансирање. Крајната цел е забрзување на процесот на проширување и растот на нивните економии.