Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства

Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија – вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во интервју за телевизијата „Алфа“ министерката Димитриеска-Кочоска потенцира дека Законот за задолжување кај странските банки, кој што влезе во собраниска процедура, Министерството за финансии испрати барање до 14 банки, од кои понуда дадоа осум. А каматните услови, кои се добиени за кредитот, се многу подобри во споредба со земјите од регинот, што значи дека Министерството за финансии обезбедило конкурентно финансирање.

– Во согласност со буџетот кој беше донесен за 2026 година, јасно беше наведено дека имаме план за задолжување од 1 милијарда и 300 милиони евра на странски пазар, од кои 1 милијарда евра издавање на еврообврзница, што и го направивме на почетокот на годината, а преостанатите до 300 милиони евра дополнително исто така на надворешен пазар. Во тој процес добивме понуди од осум банки и најповолната понуда е со каматна стапка пониска од онаа што моментно ја има обврзницата што се тргува на секундарниот пазар – изјави Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Таа потенцира дека во споредба со регионот Македонија обезбедува пониски трошоци на задолжување и подолг рок на отплата, што ја позиционира државата во поповолна финансиска позиција.

– Црна Гора на петгодишниот кредит има каматна стапка од еурибор плус 2,5 проценти, ние за седумгодишен кредит добивме еурибор плус 2,1 процентен поен. Романија во периодот кога ние издававме еврообврзница имаше каматна стапка што беше повисока од нашата, некаде над 5 проценти беше нивната каматна стапка – истакна министерката.

Во контекст на тоа додаде дека ваквите резултати се доказ за подобрено управување со јавните финансии и за зголемена доверба кај меѓународните кредитори.

-Морам да кажам дека банките што учествуваа во финансирањето, станува збор за европски банки, банки од Обединетото Кралство, кои се исто така реномирани банки, јасно ја покажува довербата на странските финансиски институции, но и на меѓународните кредитори, дека во Македонија е голема- нагласи министерката.

Во однос на фискалната рамка, Димитриеска-Кочоска нагласи дека во буџетот за 2025 година предвидени се средства за редовно сервисирање на јавниот долг, со што се обезбедува стабилност, предвидливост и навремено исполнување на обврските, а состојбата со јавните финансии мора да се гледа преку реални бројки, споредби и контекст на управување со обврските.

– Македонија и понатаму е под нивото од 60 % јавен долг во однос на БДП, што е значително подобра позиција во споредба со дел од земјите во регионот и земји членки на Европската Унија. Романија има јавен долг од речиси 63 % од БДП, Унгарија околу 75%, Полска околу 70 %, а Словенија приближно 65 % –  посочи Димитриеска-Кочоска потенцирајќи дека ваквите податоци покажуваат оти земјата сè уште одржува умерено ниво на задолженост и внимателен пристап во управувањето со јавните финансии.

Во однос на структурата на задолжувањето, министерката појасни дека значителен дел од новите средства се користат за сервисирање постојни обврски и достасани долгови, што претставува редовна практика за секоја држава која мора да обезбеди финансиска стабилност и континуитет во отплатата.

– Она што е важно е дека Владата води политика позајмените средства да не се користат за непродуктивни трошоци, туку, пред сè, да се насочуваат кон капитални инвестиции, инфраструктура и проекти што носат економски раст и долгорочен развој – истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Паралелно со овие процеси, како што рече Димитриеска-Кочоска, во Министерството за финансии во тек е и подготовката на ребаланс на буџетот.

– Во рамките на подготовката на ребалансот на буџетот имаме интензивни разговори со сите министерства, при што се прават анализи каде има простор за заштеди, каде се останува во рамките на лимитите и каде има потреба од дополнителни средства за реализација на проекти и политики. Наша обврска е да ја задржиме фискалната стабилност и рационално да управуваме со јавните средства – нагласи министерката за финансии.