Пратениците ја одобрија потребата државата да се задолжи кај странски комерцијални банки за 260 милиони евра. Овој кредит е планиран со буџетот, а парите ќе се користат за тековни потреби, капитални инвестиции, но и за враќање на долгови наследени од претходната власт, вели министерката за финансии во интервју за Алфа.
Според неа, Македонија излегла на меѓународниот финансиски пазар во најдобар момент и под поволни услови, а тоа што парите доаѓаат од реномирани институции е доказ за исправните политики и довербата што ја имаат. Со Гордана Димитриеска-Кочоска разговараше Тања Попова.
