Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Република Словенија, денеска во македонската амбасада во Љубљана се сретна со наши иселеници, кои со своето знаење и работа се вградиле во словенечкото општество и денес се препознаени и ценети во науката и уметноста.

-Инспиративно беше да се разговара со македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија. Ме информираа за професионалните дострели, за причините заради кои си заминале и за можностите за соработка со матичната држава. Се радувам кога меѓу нашите иселеници гледам успешни, реализирани и влијателни луѓе кои се почитувани во средините каде што живеат и работат, рече Сиљановска-Давкова по средбата.

Посебна чест, додаде, е што дел од нив се добитници на високи словенечки признанија, афирмирајќи ја не само Словенија, туку и татковината.

Реклама

Претходно претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните верници.

-Каде и да сме по светот имаме еден заеднички дом, заедничко црковно катче каде може да се собереме – рече претседателката.

Црквата и религијата, додаде таа, се многу важни за македонскиот народ и за опстојувањето на неговиот долг пат.

Претседателката Сиљановска-Давкова попладнево ќе одржи состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ ќе го посети Македонското културно друштво, во чии простории се наоѓа и првата македонска библиотека.

Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

Во рамки на посетата на Словенија предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

Во вторник, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“