Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’

Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДСМ, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес – конференција, стои во соопштението од Центар за комуникации на партијата.

Само СДСМ и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за нив тоа е успех и се горди на тоа.

Само Филипче и СДСМ, и нивниот врховен лидер Заев, немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти. За нив, нема ништо лошо во тоа Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат Бугари и нашиот македонски јазик да биде произлезен или пак дијалект на бугарскиот јазик.

Реклама

Само Филипче и СДСМ повикуваат на уставни измени, кои се првиот чекор од сетот барања кои самата Бугарија, односно нејзините власти, јасно кажаа дека ќе ги имаат.

Филипче и СДСМ се на иста линија со Бугарија. Ставовите им се исти, барањата им се исти. Уценетиот Филипче молчи и не одговара за што е уценет од група на бугарски политичари? Дали во уцената е вмешан и Зоран Заев?

Филипче треба да се вразуми и да ги штити македонските интереси, а не бугарските интереси. Македонија мора да добие јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање за влез на Македонија во ЕУ. Македонија мора да влезе во ЕУ како достоинствена, горда и исправена држава, а не наведната, усрамена и понижена како што беше со влезот во НАТО алијансата.