Актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство биле теми на разговоро за време на вчерашната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трупуновски на Јосифово и Балинци во општина Валандово.
Посетата била во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, а за неа министерот информираше преку Фејсбук.
Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

-Вечерва ги посетив Јосифово и Балинци во општина Валандово, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Разговаравме за актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство.Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците, развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата – напиша Трипуновски.
