Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени

Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега приоритет. Не се остварија драматичните најави дека бргу ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, а нејзиниото евентуално зголемување може да предизвика катастрофални последици поради структурата на стопанството – изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”.

Компаниите, додаде Азески, сигнализираат дека се крајно исцрпени и во исчекување со оглед на неизвесноста во глобални рамки.

– Мислам дека државата уште има свои механизми со кои може да ја контролира ситуацијата пред да дојде некоја работа за која треба да се интервенира со мерки. Ние сме во секојдневна комуникација со Владата и преку нашите асоцијации и преку нашите органи. Инфлацијата е најголемото зло што може да ѝ се случи на една држава и затоа ќе бараме сè што е можно да се држи под контрола, да се искористат сите механизми зашто ако дојде во нашето стопанство, поради неговата структура, ќе има тешки, катастрофални последици. Мислам дека треба да направиме сè, сите надлежни институции, да не дозволиме ескалирање на состојбата, барем во делот во кој можеме да влијаеме, кај неувезената инфлација – нагласи Азески.

Реклама

Компаниите, додаде, ја чувствуваат опасноста што може да дојде.

– Треба да се има предвид временскиот период, што не зависи од нас. Ова е глобално прашање и мислам дека ние тука ќе бидеме само колатерална штета. Да се надеваме и да бидеме оптимисти дека нема да дојде до најлошото сценарио, а тоа е да завршат со преговорите оние што сега се решаваат во ОН. Тоа ќе го смири бизнисот, ќе ја смири инфлацијата, ќе ги смири сите негативности што во овој момент се присутни – посочи претседателот на Стопанската комора.