Реклама
Прилози

Мицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ си го губи идентитетот е нивни проблем

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, а тоа што СДСМ си го губи својот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, а тоа што СДСМ си го губи својот идентитет е нивни проблем со кој ќе се соочат на избори, вели Христијан Мицкоски. Премиерот му одговори на Венко Филипче кој отиде дотаму што во стратегијата за убедување за уставни измени по бугарски терк ја прогласи ВМРО-ДПМНЕ за бугарофилска партија.

-Ние сме промакедонска партија и тоа е кое што нас не интересира, а тоа што тие како политичка партија одамна го изгубија и начин на делување, тоа е нивнен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро на избори ќе се соочат, изјави Мицкоски.

За Мицкоски е излишко да се коментираат ставовите на Филипче и СДСМ за кои вели дека се менуваат на дневно ниво. Што и да кажат самите си се демантираат, нагласува премиерот:

Реклама

-Не знам што да коментирам на тоа, затоа што утре сигурно нешто друго ќе рече, претпоставувам ќе исмисли некоја друга придавка. Практично човекот секој ден кажува и раководството генерално на СДСМ секој ден кажува работи кои што прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваа во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат, така што претпоставувам до вечер ќе бидеме некаква друга филска партија, изјави Мицкоски.

А од Филипче и СДСМ повторно иста песна. Бараат уставни измени да се случат веднаш и ги повторуваат истиоте ставови на партискиот лидер:  

-Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи не сте македонска? Вие не сте промакедонска. Вие сте про-бугарска партија со бугарско државјанство. Вие не го браните македонскиот идентитет. Вие го користите за да ја блокирате Европа и да ја заштитите вашата криминална империја. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега, велат од СДСМ преку соопштение.

А кој е кој во односот кон Бугарија потврди последната провокација од страна на бугарската министерка за надворешни работи која го употреби терминот северномакедонски. Филипче во ова не виде пробклем, туку потврда дека Македонија немала проблеми со Бугарија, туку со ЕУ поради услови кои владите предводени од СДСМ и ДУИ ги прифатија. Филипче изрази и зачуденост зошто македонските граѓани биле против уставните измени, според него биле заведени од ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски