Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Стаменкова: Одржливиот развој носи конкретни придобивки за локалните заедници

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека во изминатите два дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека во изминатите два дена делегација од општината реализирала студиска посета на неколку градови во Република Хрватска, при што биле разгледани успешни примери на локален и одржлив развој.

Како што посочи Стаменкова, во Крижевци биле презентирани моделите за граѓанска енергија и енергетска транзиција, со посебен акцент на „one stop shop“ (OSS) пристапот, кој преку локални организации им овозможува поддршка на граѓаните и иницијативите во процесот на енергетска трансформација.

-Во Копривница, делегацијата имаше можност да се запознае со успешната соработка помеѓу големата прехранбена индустрија и малите и средни претпријатија, како и со пример за самoodржливо јавно комунално претпријатие. Дополнително, биле презентирани иновативни производи изработени од коприва, додаде Стаменкова, што според неа претставува доказ дека локалните ресурси можат да се искористат за создавање додадена вредност.

Реклама

Посетата продолжила во Нов Загреб, каде бил презентиран проектот „Урбана градина“, кој овозможува граѓаните бесплатно да користат земјиште за одгледување зеленчук за сопствени потреби.

Проектот, како што нагласи таа, придонесува за развој на поздрава и поодржлива заедница, како и за зајакнување на социјалните врски меѓу жителите.

-Овие примери покажуваат дека одржливиот развој не е само стратегија, туку реален процес што носи конкретни придобивки за граѓаните и локалните заедници“, истакна Стаменкова.

Таа изрази благодарност до фондацијата „Фридрих Еберт“ за поддршката во реализацијата на студиската посета, оценувајќи дека ваквите искуства се значајни за креирање локални политики и иницијативи во насока на одржлив развој.