Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Отворена изложба на дела од 33-тата Лесновска ликовна колонија во Македонска Каменица

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска свечено беше отворена изложбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Домот на културата во Македонска Каменица денеска свечено беше отворена изложбата на слики создадени во рамки на 33-тата Лесновска ликовна колонија, настан кој со децении претставува важен сегмент од културниот живот во регионот.

Пред љубителите на уметноста беа презентирани дела на уметници учесници на годинашното издание на колонијата, кои преку различни техники и стилови ја отсликуваат својата инспирација, креативност и уникатен уметнички израз.

-Изложбата нуди разновиден визуелен доживувачки спектар – од пејзажи инспирирани од природата на Лесново, до современи апстрактни интерпретации, истакнаа организаторите од Културно-информативен центар Романса пред посетителите.

Реклама

Лесновската ликовна колонија со години наназад претставува значаен културен настан кој ја негува и промовира ликовната уметност, создавајќи простор за размена на идеи и искуства меѓу уметниците. Таа има особена улога во зачувувањето на културното наследство, но и во поттикнувањето на современиот творечки дух.

Организаторите потенцираа  дека интересот за колонијата и изложбата расте од година во година, што претставува потврда за нејзината вредност и значење во културната мапа на државата.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај, а влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани.