Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МАЕИ: Македонскиот јазик е темел на нашето постоење и наше најсилно обележје

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)   упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)   упати честитка по повод 5 мај, Денот на македонскиот јазик, до сите Македонци каде и да се.

– Со посебна гордост и длабоко чувство на припадност, го одбележуваме овој значаен ден, негувајќи го македонскиот јазик, затоа што само со него ние сме Македонци, стои во честитката.

Се додава дека оваа година се одбележува и 82-годишнината од непрекината настава на македонски јазик во Преспа “нашата лулка на македонската култура и образование во Албанија”.  

Реклама

Посебна благодарност упатува до сите наставници кои дале сè од себе за да го зачуваат и пренесат мајчиниот јазик до новите генерации. 

Се посочува дека македонскиот јазик денес се зборува и негува не само во Преспа, туку и во Голо Брдо, Гора, Девол и во многу албански градови каде што живеат Македонци, Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта и други. 

– Секое говорено, напишано и прочитано македонско слово е дел од борбата за зачувување на нашиот идентитет. Затоа, токму денес, а и секој ден, да се потсетиме дека мајчиниот јазик не е само алатка за комуникација – тој е духовна и културна вредност, темел на нашето постоење и наше најсилно обележје. Да го чуваме, негуваме и пренесуваме македонскиот јазик со љубов, гордост и достоинство, се порачува во честитката на МАЕИ, потпишана од Васил Стерјовски, претседател на партијата.