Реклама
Македонија

Во петок „Генералка викенд“ во Општина Крива Паланка

Традиционално, по шести пат, во петок, 8 мај, Општина Крива Паланка ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционално, по шести пат, во петок, 8 мај, Општина Крива Паланка ја реализира големата еколошка акција „Генералка Викенд“.

-Оваа масовна еколошка акција, иницирана од „МЕН енд Моунтаин“ во изминатите пет години во општината е масовно поддржана од локалната заедница, бизнис секторот, јавните претпријатија, еко-одборите на училиштата и градинките, граѓанските и спортските здруженија, заедниците на станари и многу други организации и групи на граѓани. Секојдневно се истакнува дека нашиот град е еден од најчистите, дека се селектираат различни видови отпад, што е заслуга на сè поголемиот број одговорни и совесни граѓани, особено млади луѓе кои сакаат да живеат, работат, спортуваат и се рекреираат во чиста, здрава и уредена животна средина, нагласи Сања Станковска од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Таа ги повика сите граѓани и институции што се во можност да се вклчат во оваа благородна и општествено – одговорна еколошка акција.

Реклама

-Заедно да придонесеме да ја направиме нашата општина уште почиста и поубава. Да одвоиме барем малку време и да излеземе сите заедно, во ист ден, во исто време и со иста цел. Да покажеме со личен пример и општествена одговорност колку ни е важна природната средина и околината во која живееме, како и работната средина во која работиме. Да покажеме дека отпадот треба да се селектира и да се одлага на соодветни места, додаде Станковска, изразувајќи надеж дека акцијата и овојпат ќе наиде на масовна поддршка, бидејќи се прави за самите жители и за идните генерации.

Да покажеме, рече, висока граѓанска и еколошка свест и да се вклучиме во што е можно поголем број во оваа голема еколошка акција. Да покажеме општествена одговорност со одвојување на неколку часа за животната средина, за природата, за нас самите и за идните генерации.