Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Манасиевски: Ако СДСM и Филипче се проевропска опција, зошто постојано се демантирани од европски институции?

СДСМ се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата.

Проевропска опција е етикета која СДСМ и Венко Филипче сами си ја налепуваат само за да даваат лажни оправдувања за сите национални предавства кои ги направија додека беа на власт.

Од друга страна, додека Венко Филипче говори за национални  интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, кој беше дел од владејачката структура за време на Зоран Заев, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит и со тоа директно ја релативизираше неговата улога.

Реклама

За Филипче и СДСM, еден од темелите на македонската државност е небитен.

Исто така, и лагата која ја ширеа за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, господинот Томас Вајц, за која тој самиот веднаш демантираше, заклучи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда.

Да не ја заборавиме и паниката, хаосот и хистеријата која ја ширеа за средствата од ИПАРД програмата, беше исто така демантирана во известување од страна на Европската Комисија.

Почитувани. Ваков е проевропски СДСM. Се служи со лаги, манипулации и спинување на изјави на европратеници и ги омаловажува националните херои.

СДСM на чело со Венко Филипче, се истиот СДСM на чело со Зоран Заев.