Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Регионален форум за управување со отпад – „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“

Регионален форум за управување со отпад – „Заедно за регион без отпад:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионален форум за управување со отпад – „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС

Форумот ќе го отвори амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром, а воведни обраќања ќе имаат заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа Златко Перински, извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ и извршниот директор на SALAR International Рајан Нокс.

На форумот ќе учествуваат и повеќе градоначалници од Пелагонискиот и Југозападниот регион, претставници на општините, јавните комунални претпријатија, граѓански организации, како и претставници на меѓународната заедница и експерти од регионот и Шведска.

Реклама

Во рамки на форумот ќе се дискутира за клучните аспекти на одржливото управување со отпад, вклучително и регионалното планирање, инвестициите и инфраструктурата, институционалната и меѓуопштинската координација, како и вклучувањето на граѓаните во процесите.

По завршувањето на Форумот, започнува и работниот дел од настанот каде претставниците на општините ќе земат учество во работилници посветени на подготовката на Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион (2026–2032).