Реклама
Прилози

Полицијата разговарала со 14 луѓе, од кои повеќето малолетници за малтретирањето на 14 годишното девојче

Врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче Петров ја стави во фокус и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче Петров ја стави во фокус и безбедноста меѓу децата во училиштата. Бруталниот случај каде 3 малолетни девојчиња присилувале соученичка да јаде измет од куче, ја навредувале и потоа и физички ја малтретирале предизвика шок за јавноста. Во тек е истрага, а на разговор се повикани 14 лица меѓу кои и родителите на ученичките, а постапува и обвинителството.

Надлежните потенцираат дека е неопходен заеднички пристап, поголема вклученост на семејството и училиштето со цел да се превенираат вакви ситуации во иднина.

  • „ Сакам да упатам порака дека мораме да бидеме фокусирани во овој дел бидејќи мнр иако делува превентувно делува и репресивно, мораме да дадеме повеќе секторски одговор и сепак влијание имаат и родителите и нивната улога во воспитувањето и апел до сите родители и општествени чинителуи да се фокусираме на овој проблем и ние работиме како мвр во делот на овој криминалитет но сепак мора да има здружен институцијале нфокус и едукација  исоодветен третман и укажување на проблематичните точки“ рече Тошковски.

Во услови на зголемена загриженост за меѓуврсничкото, расте и бројката за пријави на  семејното насилство. Во основа ова, според министерот Тошковски значи поголема доверба во системот. Најавува законски измени што ќе го подобрат статусот на жртвите, нови овластувања за полицијата како и набавка на посовремена опрема.

Реклама
  • „ Полицаецот ќе може, врз основа на конкретна проценка на ризик, да донесе одлука за итно отстранување на потенцијалниот сторител на насилство од објектот каде што постои закана. Бодикамерите ќе овозможат објективно документирање на фактичката состојба на терен – дали имало закани, насилство или интервенција, со што се штитат и жртвите и полицајците. Ќе имаме и интелегентен систем за докази врз основа на телефонските уреди и кога секоја жртва ќе се јави со нејзино одобрување МВР во истиот момент ќе може да ја користи и камерата и аудио записи ќе праи и тоа ќе се користи како доказ во судската постапка“ рече Тошковски.

Дополнително најави вклучување и на други институции, социјалните служби и невладините организации, како и формирање интервентни тимови што ќе реагираат брзо и координирано на терен. Надлежните сметаат дека со ваквиот пристап и обезбедувањето докази, насилниците нема да можат да ја избегнат правдата.