Реклама
Македонија

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, тежок случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров

Тежок случај на врсничко насилство е пријавен во скопската населба Ѓорче Петров,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тежок случај на врсничко насилство е пријавен во скопската населба Ѓорче Петров, каде малолетничка, според информациите, била изложена на ужасно малтретирање од три други девојчиња. Според сознанијата, настанот се случил пред Велигден во парк во Ѓорче Петров, познат како „Вовче“, каде девојчето најпрво било навредувано, а потоа и физички малтретирано од повеќе девојчиња со кои учеле во исто училиште. Девојчето било горено со цигари, па дури и присилувано да јаде измет од куче.

„Пријавено е дека малолетно девојче двапати било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Министерката за образование и наука е запознаена со случајот и нагласува дека училиштето веќе постапило, пријавило во полиција и во социјалните служби, а и самото преземало мерки. Таа апелира до родителите повеќе да внимаваат и повеќе време да минуваат со своите деца.