Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Улична акција „Уметност против омраза“ во Куманово

Улична акција насловена „Уметност против омраза“ ќе се одржи денеска во Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улична акција насловена „Уметност против омраза“ ќе се одржи денеска во Куманово во периодот од 10 до 16 часот. Акцијата е организирана од неформална група мировни активисти собрани со поддршка на Центарот за ненасилна акција, со цел да се исполнат јавните простори со слики што промовираат солидарност, различност и заедништво, наместо пораки за нетолеранција и насилство, информираа од Центарот за ненасилна акција – Сараево – Белград.

– За време на настанот, средношколците од Гоце Делчев и Сами Фрашери, заедно со уметници од Здружението на ликовни уметници ФОРМА, ќе насликаат мурал што содржи пораки за мир и соживот, а членовите на неформалната група, студенти, како и уметници, ќе се обратат на публиката. Со оваа акција, сакаме да покажеме дека омразата не може да биде лице на нашите улици – туку заедништво, храброст и креативност – пишува во соопштението.

За во наредниот период, предвидена била слична акција и во Бања Лука, Босна и Херцеговина, како и во Ниш, Србија.